Пријатно изненадување: Родри се врати на тренинзите на Манчестер сити

Најдобриот фудбалер во светот според најновиот избор на „Златната топка“, Родри, денеска и официјално се врати во целосен тренажен процес со Манчестер сити, и спротивно на сите очекувања, ќе биде подготвен да настапи во финишот на тековната сезона.

Шпанскиот репрезентативец одигра само три натпревари за Сити оваа сезона пред да се здобие со тешка повреда на предниот вкрстен лигамент на мечот против Арсенал во септември.

Иако првичните прогнози велеа дека ќе ја пропушти целата сезона, Родри ги надмина сите очекувања и закрепна побрзо од предвиденото. Сега менаџерот Пеп Гвардиола планира да го врати во составот за завршницата од Премиер лигата, а можеби и за финалето на ФА Купот против Кристал Палас.

Се очекува Родри целосно да се врати на врвно ниво за Светското клупско првенство кое ќе се игра летово во САД.

Во негово отсуство, Манчестер сити имаше нешто послаба сезона од очекуваното, но и натаму е во игра за барем еден трофеј. За налето се најавува голема реконструкција на тимот од страна на Гвардиола, при што Родри ќе биде поставен како централна фигура на новиот проект.

- Оглас -

Најнови вести