Прилепчанец „махер“ за англиската Премиер лига

Можеш да се фалиш дека знаеш да играш спортска само кога на еден тикет ќе фатиш повеќе натпревари од Премиер лигата. Е, па нашиот редовен типувач од Прилеп сега може да каже дека е „махер“ за Англичаните откако нареди пет меча од последното коло во тикет составен вкупно од седум натпревар, кој го уплати со влог од 500 денари, а во џебот си стави 571.249 денари, или околу 9.500 евра.

Ливерпул, Челзи, Манчестер сити, Манчестер јунајтед и Вест хем се екипите кои му донесоа радост на нашиот обложувач, а сите ги одиграл со типот 1-2I & 1-2II, или дека ќе се постигнат еден до два гола во двете полувремиња. Останатите два меча се од Франција и Турција, поточно дуелите меѓу Лион и Бордо, односно Бешикташ против Ризеспор.

Една комбинација е и повеќе од доволна за обичниот викенд да ви донесе расположение и мотив за оваа работна недела.

НЕ ТРЕБА МНОГУ ДА СЕ МИСЛИ: НАРЕДИ НЕКОЛКУ „КЕЦА“, НЕКОЛКУ „ДВОЈКИ“, ДОДАЈ УШТЕ ЕДЕН-ДВА НАТПРЕВАРИ „ГЕ-ГЕ“ И ЧЕКАЈ ГИ ПАРИТЕ

Некои ќе речат: Абе многу се 14 „фиксови“ на еден тикет. Е многу се, ама и многу ќе се види купчето пари кое ќе го подигнеш од шалтер. Вака отприлика нашиот редовен обложувач од Куманово ќе се фали на другарите со својот добитен тикет, кој со уплата само од 60 денари, си доби 184.916 денари.

За сочната добивка тој наредил седум „кецови“ на тикетот и четири „двојки“, додека останатите натпревари ги типувал на голови (ГГ/ГГ3+). Големиот број одиграни натпревари му овозможија на нашиот обложувач и убав бонус од 21.273 денари.

Последниот натпревар од кој зависеше тикетот беше Калјари – Интер, дуел кој заврши со победа од 2-1 во корист на гостите благодарение на прецизноста на Лукаку од белата точка.

ДОБИТЕН ТИКЕТ ЗА ЕДНО ПОЛУВРЕМЕ? СЕКАКО ДЕКА Е МОЖНО

На обложувачот од Скопје како да му се брзало, па направил експресен тикет со шест парови, а во различна комбинација на сите чекал исход по првите 45 минути. Три меча од нив ги типувал ГГ во прво полувреме, а тикетот е добитен благодарение на Александр Лаказет, голгетерот на Арсенал.

Да не постигнеше Французинот гол за 1-2 во дербито против Тотенхем во судиското надополнување од првите 45 минути, Скопјанецот сега немаше да им се радува на 104.154 денари добивка, за која вложил само 50 денари. Валенсија „школски“ си подели по еден гол во двете полувремиња против Мајорка за да биде добитен типот 1-1 и & 2-4, останатите натпревари влегуваа како подмачкани.

ТИКЕТОТ ОД ЈАПОНИЈА ДО БУГАРИЈА ИМА РАСТОЈАНИЕ ОД 5.600 ЕВРА

Во Струга понекогаш се случува на некој обложувач да му текне да се обложи на јапонски фудбал. Не се знае што го натерало, ама овој наш редовен типувач нека продолжи така бидејќи се чини дека го разбира фудбалот во Азија. Неговиот тикет составен од натпревари од Јапонија и по еден од Јужна Кореја, Русија, Холандија, Бугарија, како и два меча од Германија, му донесе добивка од 336.284 денари, за кои вложи 1.000 денари.

Според тоа како ги погодил натпреварите, се чини дека обложувачот не вложил многу труд да го состави тикетот. Шест меча ги одиграл ГГ3+, останатите два обични 3+, полесно од ова не може да биде. Секако, добро му дојде и бонусот од 6.593 денари, кој носи дополнителна радост на оваа богата добивка.

- Оглас -

Најнови вести