27.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Присуство на спортски настани во Македонија само со доказ за имунизација

Владата вчера навечер донесе нови рестриктивни мерки околу пандемијата со ковид-19. Од 16 август, присуство на спортски настани низ земјава ќе биде дозволено само со доказ за имунизација.

Задолжително ќе биде да се приложи сертификат за примена најмалку една доза вакцина против корона-вирусот, за љубителите на спортот да можат од трибини да ги следат спортските настани. Ова се однесува за лица постари од 18 години.

Овие мерки се воведоа откако изминативе денови бројот на новозаразени значително порасна, а вчера беа потврдени 378 нови случаи од кои повеќето се во Скопје и Тетово.

- Оглас -

Најнови вести