25.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Присуството на Кристијано Роналдо пресели германски клуб на школски терен

Екипата на Ал-Наср предводена од Кристијано Роналдо во следните две седмици ќе се подготвува во близина на Салцбург, во местото Салфелден. Тоа значи дека останатите екипи нема да може да го користат главниот терен во луксузниот комплекс, а една од причините е токму Португалецот, бидејќи каде и да престојува, веднаш се појавуваат специјални барања.

Кристијано Роналдо во Салфелден е обезбедуван од 16 „бодигарди“, кои се грижат на неговата лична безбедност. Германскиот второлигаш Хановер, веднаш е „замолен“ да се пресели на школско играште, кое е оддалечено неколку километри.

Тренерот на Германците, Кристијан Тиц, сепак, вели дека тоа не е проблем за нив.

„Нема проблем. Условите се добри, а теренот е навистина во добра состојба.“ – вели тренерот на Хановер.

Од екипата на Ал-Наср се уште немаат објавено кои ќе бидат нивните противници на подготовките во Австрија, а можеби ќе одиграат меч и против Хановер.

- Оглас -

Најнови вести