Прлаиновиќ донесе победа за Србија над Хрватска

Србија ја победи Хрватска со 11-10 во дербито на второто коло од завршниот турнир во Светската лига во ватерполо, која се одржува во Белград. Хрватите водеа со 5-4 по првото полувреме, но потоа домашните третиот квартал го добија со 4-1 и ја презедоа контролата. „Баракудите“ изедначија на 10-10, а победата на „делфините“ им ја донесе Андрија Прлаиновиќ со гол на една минута до крајот на спектаклот на базенот „Ташмајдан“.

Атмосферата беше спортска, немаше исвиркување на хрватската химна, а на крајот домашните фанови задоволни си заминаа дома бидејќи Србија си го обезбеди првото место во својата група.

Во другите три меча, Јапонија ја победи Канада со 17-7, Унгарија на пенали ја совлада Шпанија, а Австралија го надигра Казахстан со 14-5.

- Оглас -

Најнови вести