Баерн Минхен во следните четири недели нема да смета на услугите на првиот стрелец Роберт Левандовски. Популарниот Лева има повреда која ја здобил синоќа на гостувањето кај Челзи, а според должината на паузата, тој нема да игра на реванш-мечот од осминафиналето во Лигата на шампионите закажан за 18 март.
Левандовски се жалел на болки во коленото, а деталните прегледи во Минхен покажале дека повредата не е наивна, па полскиот голгетер нема да може да игра еден месец.