Кошаркарот на Бостон селтикс, Кристапс Порзингис, е крајно неизвесен за продолжението на финалната серија против Далас во НБА-лигата откако има сериозна повреда на левата нога.
Тимот објави дека Порзингис има скинат медијален регинакулум, односно дислокација на задната тетива на ногата.
Бостон има водство од 2-0 во финалната серија, која се игра до четири победи.
Порзингис претходно пропушти десет натпревари по ред поради истегнување на бутниот мускул на десната нога.