Актуелниот светски првак Франција на претстојното СП во Катар веројатно ќе треба да игра без една од своите најголеми ѕвезди доколку не се реши проблемот кој се појави по „аферата Погба“.
Братот на Пол, Матијас Погба, на социјалните мрежи најави дека ќе каже многу „сочни“ детали од животот на неговиот славен брат, а спомна и дека ангажирал лице за да му прави магии на Килијан Мбапе и да го проколне.
Напаѓачот на ПСЖ рекол дека ќе одбие да игра со Погба во француската репрезентација, па го стави во непријатна ситуација селекторот Дидие Дешамп на неколку месеци пред Мундијалот на кој Триколорите треба да го бранат златото.