Проблем за Инѕаги: Интер без Павар против Барселона во ЛШ

Тренерот на Интер, Симоне Инѕаги, се соочува со сериозен проблем откако и дефинитивно е јасно дека дефанзивецот Бенџаим Павар нема да биде во комбинација за првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите против Барселона.

Токму Павар го постигна клучниот гол во двомечот против Баерн Минхен, но сега нема да игра на „Монжуик“. Францускиот интернационалец се повреди на мечот против Рома, кој Интер го загуби со 1-0. Тој мораше да биде заменет во 15-тата минута поради повреда на зголобот.

Дополнителен проблем за Интер е и состојбата на Маркус Турам, кој сè уште е неизвесен за гостувањето кај Барселона.

Проблеми имаат и Каталонците, кои ќе ги немаат на располагање Левандовски и Балде.

- Оглас -

Најнови вести