Проблем за Милан: Бараат отштета за Рангник

Ралф Рангник веќе неколкупати е најавен како нов тренер на Милан, кој на кормилото треба да застане во пресрет на новата сезона. Спортскиот оперативец на Ред бул треба да добие голема одговорност во клубот, покрај тоа што ќе ја води екипата, ќе биде човекот кој ќе одлучува околу потенцијалните засилувања.

Сепак, за Росонерите се појави еден голем проблем. Компанијата „Ред бул“ бара отштета од 8 милиони евра за да му дозволи на Рангник да оди во Милан. Оваа препрека може да го спречи ангажманот на Рангник на „Сан Сиро“, со оглед на тоа дека сумата е висока за ангажман на стратегот кој изминативе неколку години не е активен на теренот, туку се занимава со административниот дел од најпопуларниот спорт.

- Оглас -

Најнови вести