Еуфоријата околу освојувањето на Златната топка на Осман Дембеле може да се покаже и како „проблем“ за Пари Сен Жермен. Според француските медиуми, иако има договор со гигантот од Париз до 2028 година, напаѓачот инсистира на „значително зголемување“ на платата поради тоа што беше избран за најдобар фудбалер во светот за сезоната 2024/25.
Францускиот репрезентативец бара индивидуалното признание да биде проследено со повисока заработка, а сега клубот ќе мора да менаџира со евентуалната финансиска компензација.
Сепак, „Л’Екип“ потсети на изјавата на Луис Кампос, советник во ПСЖ, кој пред гала-вечерта на Златната топка изјави дека политиката за платите е „применлива за сите“, дури и за Дембеле доколку биде награден.
„Стабилноста на клубот нема да се промени поради еден играч кој сака да биде поинаков. ПСЖ ќе се заштити“, изјави еден од главните луѓе во креирањето на политиката на ПСЖ.