Oсман Дембеле го напушти теренот поткривнувајќи при победата на Франција над Украина со 2-0 на стартот од европските квалификации за Светското првенство 2026, само 12 дена пред неговиот клуб Пари Сен Жермен да ја започне одбраната на титулата во Лигата на шампионите.
Дембеле влезе како резерва во второто полувреме на натпреварот во полскиот град Вроцлав и издржа помалку од 35 минути. Тој беше приморан да излезе поради повреда, а додека се движеше кон клупата се држеше за бутниот мускул.
Крилото на ПСЖ веќе не тренираше целосно со националниот тим на Франција оваа недела поради здравствени проблеми.
Селекторот Дидие Дешам, беше видливо разочаран кога стана јасно дека Дембеле се повредил. Подетални информации за нивото на повредата се очекуваат во текот на денешниот и утрешниот ден.
Пари Сен Жермен го започнува учеството во групната фаза од Лигата на шампионите на 17 септември, со домашен натпревар против Аталанта.