Проблем за Реал: Велика Британија воведе 14 дена карантин за патници од Шпанија

Велика Британија воведе мерка од 14 дена карантин за патници од Шпанија, што е голем проблем за Реал Мадрид во пресрет на реванш-дуелот против Манчестер сити во Лигата на шампионите.

Стариот англиски шампион и новиот шпански првак на 8 авгут треба да се сретнат на „Етихад“ за да го одредат патникот во четвртфиналето, но сега тој меч е под закана да се игра на друг стадион доколку Владата не направи исклучок за Кралевите.

Во изминативе два дена се појавија над 900 нови случаи на корона-вирус во Шпанија, па затоа Велика Британија не сака да ризикува нов пандемичен бран.

Кралевите и денес да тргнат за Манчестер нема да ги исполнат мерките бидејќи до реваншот остануваат 13 дена. Решение треба да се најде што поскоро, а една од опциите е реваншот да се премести во Лисабон, каде што ќе се одржува завршницата на Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести