Проблем за Симоне Инзаги пред дербито против Рома

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, се соочува со проблем пред дербито од осмото коло на Серија А против Рома, кое ќе се игра во недела од 20:45 часот. Плановите на Инзаги се нарушени поради повредата на Пјотр Зјелински, кој беше принуден да го напушти натпреварот од Лигата на нациите против Хрватска, иако постигна гол на истиот меч.

Повредата на полскиот фудбалер дојде токму во моментот кога почна да влегува во форма. Прегледите во клубот покажале дека станува збор за мало истегнување, па Зјелински ќе го пропушти само натпреварот во недела.


Сепак, тоа е голем удар за Интер. Тренерот Симоне Инзаги се надеа дека ќе го има на располагање Николо Барела, кој исто така отсустувуваше поради повреда и пред два дена се врати на тренинзите на тимот.

- Оглас -

Најнови вести