Искусниот хрватски дефанзивец, Домагој Вида, можеби ќе го пропушти претстојното Светско првенство во Катар.
Неиграњето на Вида ќе биде проблем за тимот на селекторот Златко Далиќ бидејќи станува збор за искусен играч кој има 99 настапи во дресот на националниот тим и важи за еден од лидерите во соблекувалната.
Вида, кој има 33 години, се повреди на дербито на неговиот АЕК против ПАОК во грчката лига. Има повреда на препоната на левата нога и првите прогнози се дека ќе треба да паузира барем 20 дена. Хрватска првиот меч на Мундијалот го игра за 22 дена и прашање е дали Далиќ ќе ризикува со Вида, кој и да закрепне дотогаш, не би бил во натпреварувачки ритам.
Списокот на патници за Катар треба да се даде на 13 ноември.