Проблеми во рајот за Бекам: Земјиштето кое го откупи за да гради стадион е загадено

Дејвид Бекам се соочува со првите проблеми како сопственик на фудбалскиот клуб Интер Мајами, кој од 2020 година ќе се натпреварува во МЛС-лигата. Имено, местото кое го откупи во Мајами за да гради стадион, односно спортски комплекс, е загадено од арсен двојно повеќе од дозволената граница, тврдат од секторот за животна средина.

Станува збор за земјиште oд 53 хектари на кое порано се играло голф, а во изминативе неколку месеци земени се повеќе од 140 примероци на земјата за да се испита состојбата. Истражувањето покажало дека има преголемо присуство на арсен, како и други хемикалии, така што Бекам ќе треба да плати дури 50 милиони долари за да се исчисти земјиштето пред да добие дозвола за градба.

Спортскиот комплекс кој треба да содржи стадион од 25.000 седишта, трговски центар, хотел, како и парк, според првчиниот рок треба да се изгради до 2022 година, а ќе чини вкупно една милијарда долари. Во меѓувреме, привремен дом на Интер Мајами ќе биде стадионот „Локхарт“ со капацитет од 18.000 седишта, кој се наоѓа во предградието Форт Лодердејл.

Визуелна скица на спортскиот комплекс „Интер Мајами“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести