Репрезентацијата на Аргентина ќе биде без својот капитен на квалификациските дуели за пласман на Светското првенство против Уругвај и Бразил. Лионел Меси почувствувал болки на последниот меч за Интер Мајами против Атланта јунајтед, па клубот и аргентинската Фудбалска федерација се договориле тој да одмори и да не биде дел од овие два натпревари.
Мечот помеѓу Аргентина и Бразил се очекуваше со големо нетрпение поради дуелот на Лионел Меси и Нејмар, за кого беше најавено враќање во репрезентацијата, но сега и двајцата нема да настапат поради ситни повреди.
По 12 кола во јужноамериканските квалификации за Светското првенство, Аргентина е прва со 25 бода, пред Уругвај со 20.