Лошите работи никогаш не одат сами, па така тешкиот пораз од Атлетико Мадрид како да не беше доволен за Реал Мадрид и не е единствен проблем за Кралскиот клуб кој денеска отпатува на 11-часовното патување до Казахстан каде во вторник треба да игра меч од Лигата на шампионите.
Реал потврди дека Даниел Карвахал има мускулна повреда на десната нога и проценката е дека на терените ќе отсуствува минимум еден месец. Тоа значи дека би ги пропуштил средбите со Каират, Вилјареал, Хетафе, Јувентус и Барселона. На сите овие мечеви ќе го нема ни другиот десен бек, Трент Александер-Арнолд, па тренерот Чаби Алонсо ќе мора да бара друго решение.
Против Каират ќе го нема ни Милитао чија повреда здобиена против Атлетико не е сериозна, но во следните 2-3 дена ќе бидат потребни третмани.