28.8 C
Skopje
четврток, 25 септември 2025

Проблемот не бил Мурињо: Фенербахче само по две недели ќе го отпушти Тедеско?!

Фенербахче на почетокот на септември се раздели со Жозе Мурињо бидејќи португалскиот стратег не успеа да ја внесе екипата во Лигата на шампионите, а на негово место го назначија поранешниот селектор на Белгија, Доменико Тедеско.

Сепак, сега и тој е пред отказ откако во средата загуби од Динамо Загреб со 2-1 во Лигата на Европа.

Тедеско ја водеше екипата на четири меча, успеа да го победи само Трабзонспор, а ремизира против Аланијаспор и Касимпаша.

Раководството на Фенербахче не е задоволно како тој ја води екипата и смета дека не е вистинското решение за клубот, а посебен проблем се ротациите на природните позиции на фудбалерите.

Последната шанса за да се спаси Тедеско е мечот од турското првенство против Анталијаспор. Со евентуален неуспех, тој со сигурност ќе биде „поранешен“ крај Босфорот.

- Оглас -

Најнови вести