Прободениот фудбалер е среќен што е жив: Гледав како човекот пред мене умира

Фудбалерот на италијанскиот калчолигаш Монца, Шпанецот Пабло Мари, добро закрепнува по крвавиот напад во еден супермаркет во близина на Милано. Мари е една од четирите жртви на 46-годишниот напаѓач, кој подоцна полицијата успеала да го совлада и да го уапси.

„Непосредно пред нападот, одев низ маркетот туркајќи ја мојата количка во која беше и моето дете. Во еден момент почувствував силна болка во грбот, како да имам некој грч. Јас дури имав и среќа, затоа што го видов човекот пред мене како умира по убодот со нож директно во вратот. Добро сум и во понеделник ќе се вратам на теренот“, вели Мари, кој, за среќа, во нападот нема повреда на ниту еден витален орган и од болницата во која е хоспитализиран велат дека неговата состојба е стабилна.

Во нападот настрада еден од продавачите во маркетот, а потешко биле повредени двајца мажи, едниот на 40 години, а другиот на 72-годишна возраст. Напаѓачот кој имал психички проблеми, на 18 октомври бил хоспитализиран откако самиот себе си ја удрил главата и се повредил.

 

- Оглас -

Најнови вести