Еден починат во крвавиот напад во трговски центар, фудбалерот Пабло Мари имал среќа

Шпанскиот фудбалер Пабло Мари, кој вечерва доживеа кошмар додека пазарел во супермаркет во близина на Милано и беше прободен со нож во грбот, а има и сеченица на устата, рекол дека продавачката која била прободена, но со смртни рани, починала пред негови очи.

Потврдено е дека има еден починат, 30-годишна жена која работела во супермаркетот и настрадала од убоди во пределот на градите и стомакот.

Мари, кој игра за Монца како позајмен од Арсенал, е во добра состојба и не му се загрозени виталните органи, иако раната од убодот била длабока. Тој беше посетен во болница од директорот на Монца, Адријано Галијани. Галијани рече дека Мари му рекол дека сака да игра уште в понеделник, на првиот нареден меч на Монца против Болоња.

- Оглас -

Најнови вести