Продадени сите билети за Англија – Македонија, „Олд Трафорд“ ќе биде преполн!

Фудбалската асоцијација на Англија објави дека се продадени сите билети за натпреварот Англија – Македонија од квалификациите за ЕВРО 2024.

Ова значи дека в понеделник на легендарниот стадион „Олд Трафорд“ во Манчестер ќе има 74.300 гледачи, колку што е капацитетот, и избраниците на селекторот Благоја Милевски против големиот фаворит ќе имаат и бројна публика.

Ова уште еднаш потврдува дека за Англичаните не е важно кој им гостува, и оти на стадион одат да ги гледаат своите, без разлика на името на противникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести