Португалија и Австралија се последна шанса за трансфер на фудбалерите во летниот преоден рок, откако во грото земји вчера на полноќ беше означен крајот за ангажман на играчи.
Португалците имаат продолжен рок за летни трансфери до 22 септември, а во Австралија може да се дојде во клуб до 15 октомври.
Секако, ова се однесува на земји и фудбалски првенства што котираат високо и се сметаат за дел од најдобрите на планетата.
Досега топ-трансфер е тој на Жоао Феликс за 126 милиони евра од Бенфика во Атлетико Мадрид, а за останатите девет најскапи трансфери можете да прочитате во текстот на Спорт Манија на следниот линк.