Топ 10 најскапи трансфери за ова лето

Како и секое лето, па така и ова, фудбалскиот преоден рок беше главна тема во спортскиот свет. До вчера клубовите правеа напори да доведат играчи кои би ги засилиле тимовите, а во текот на пазарот најмногу се трошеше во Шпанија.

Реал, Барселона и Атлетико вкупно потрошија над 800 милиони евра, а Кралевите се истакнаа како најголеми портошувачи со 307 милиони евра вложени во нови играчи, од кои една третина беа издвоени за Еден Азар.

Нејмар ќе остане и трета година најскап фудбалер на светот, а веднаш зад него е Килијан Мбапе. Бразилецот очекуваше враќање во Барселона ова лето, но неуспешни беа сите обиди на Каталонците.

Иако не видовме нова рекордна сума на трансфер, сите топ 10 трансфери се над 60 милиони евра. Жоао Феликс ја предводи листата, а играчи со над 100 милиони евра трансфер се уште Антоан Гриезман и Еден Азар.

Топ 10:

Жоао Феликс – Од Бенфика во Атлетико Мадрид – 126 милиони евра

Антоан Гриезман – Од Атлетико Мадрид во Барселона – 120 милиони евра

Еден Азар – Од Челзи во Реал Мадрид – 100 милиони евра

Хери Мегваер – Од Лестер во Манчестер јунајтед – 87 милиони евра

Матајс де Лихт – Од Ајакс во Јувентус – 85 милиони евра

Лукас Ернандес – Од Атлетико Мадрид во Баерн Минхен – 80 милиони евра

Николас Пепе – Од Лил во Арсенал – 80 милиони евра

Френки де Јонг – Од Ајакс во Барселона – 75 милиони евра

Родри – Од Атлетико Мадрид во Манчестер сити – 70 милиони евра

Ромелу Лукаку – Од Манчестер јунајтед во Интер – 65 милиони евра

Сега може да започне расправијата: Кој од овие играчи ќе биде тотално промашување, а кој ќе се покаже како големо засилување и ќе ги оправда средствата?

 

- Оглас -

Најнови вести