Продолжи проклетата традиција на Реал за која предупредивме пред мечот со Бетис

Реал Мадрид и Бетис одиграа без голови во меч од последното коло во Примера дивисион. Ова беше дуел на актуелниот првак и освојувачот на Купот во Шпанија, што значи дека тоа се двата клуба кои ја одбележаа сезоната која завршува во Шпанија.

Кралскиот клуб ја завршува сезоната со 86 поени и ќе има двоцифрена предност во однос на втората Барселона, додека Бетис по 38 кола собра вкупно 65 бодови и ќе игра во Лигата на Европа.

Пред овој меч, најавивме дека постои една интересна традиција која не е во корист на Реал Мадрид, а тоа е дека Кралевите едноставно не може да му дадат гол на Бетис на „Сантијаго Бернабеу“. Ова е петти дуел во низа на кој Реал не може да ја погоди мрежата на Бетис, на дуел кој се игра во Мадрид. Во оваа низа, три дуели завршиле без голови, а гостите имаат една победа со 1:0 и еднаш славеле со 2:0.

Вкупно 460 минути Реал нема дадено гол против Бетис. Последен пат се израдуваа на погодок на меч одигран во март 2017 година, кога тогашниот капитен Серхио Рамос погоди за победа од 2:1 во 81 минута.

- Оглас -

Најнови вести