Не е за верување, но Реал речиси 400 минути на Бетис му нема дадено гол на „Сантијаго Бернабеу“

Реал Мадрид и Бетис вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ ќе играат во последно коло од шпанското првенство. Мечот нема никакво резултатско значење затоа што на двата тима бодовите нема многу да им значат. Реал веќе се израдува на шампионската титула, додека Бетис е сигурен со настап во Лигата на Европа.

Сепак, дуелот има едно посебно значење, а тоа е традицијата. Бетис има неверојатно добар скор во последните четири гостувања на тимот на Кралскиот клуб. На последните четири гостувања во Мадрид, Бетис против Реал има две победи и две нерешени резултати.

Што е уште поинтересно, Реал на тие четири дуели нема дадено ниту еден гол против Бетис. Последен пат Кралевите на погодок против Бетис се имаат израдувано на 12 март 2017 година, односно пред повеќе од пет години.

ПОСЛЕДНИ ЧЕТИРИ МЕЧА МЕЃУ РЕАЛ И БЕТИС ВО МАДРИД

24.04.2021 Реал Мадрид – Бетис 0:0

02.11.2019 Реал Мадрид – Бетис 0:0

19.05.2019 Реал Мадрид – Бетис 0:2

20.09.2017 Реал Мадрид – Бетис 0:1

- Оглас -

Најнови вести