Екипата на КИ Клаксвик е вистинска сензација во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите и по елиминацијата на шампионот на Шведска во претходната рунда, вечерва славеше и против норвешкиот првак.
Шампионот на Фарски Острови во првиот меч од третото квалификациско коло со 2:1 го совлада Молде.
https://twitter.com/i/status/1689012490716184576
Норвешкиот шампион поведе на стартот од второто полувреме со голот на Еикрем, но КИ Клаксвик во продолжение од мечот направи пресврт благодарение на Фредериксберг. Тој прво 64-тата минута погоди за 1:1, а на четири минути пред крајот постигна уште еден гол за триумф од 2:1.
What a goal by Árni Frederiksberg – the star of the KÍ show in Europe this year!
It’s 1-1 between KÍ Klaksvík and Molde BK 3Q. Round of the @ChampionsLeague.
Faroese football has never see anything like this before!#football pic.twitter.com/6L3s6dYuno
— Tróndur Arge (@ArgeTrondur) August 8, 2023
Сигурен настап и речиси обезбеден пласман во следната рунда има ПСЖ, кој пред своите гледачи со 4:1 го победи Штурм, додека Раков во реваншот против Арис Лимасол ќе чува предност од два гола (2:0).
Брага со 3:0 го победи српскиот тим ТСЦ, додека Галатасарај славеше со 0:3 на гостувањето во Љубљана кај Олимпија.
Единствениот меч кој вечерва заврши без победник (0:0) беше тој меѓу Копенхаген и Спарта Прага.