39.8 C
Skopje
вторник, 22 јули 2025

Продолжува децениската мака на Барнли, пак загубија од „црвените ѓаволи“

Со голот на Антони Марсијал во финишот на првото полувреме Манчестер јунајтед го победи Барнли со 2:0 и му ја продолжи голготата во меѓусебните дуели.

Барнли нема победа против „црвените ѓаволи“ од 2009 година, па маките против најтрофејниот англиски клуб продолжуваат и заокружија една десетолетка.

Марсијал беше првиот стрелец на мечот, а на  голот од 44. минута му претходеше голема грешка на Чарли Тејлор. Бекот на Барнли загуби топка на својата половина, а Переира одлично му асистираше на францускиот интеранционалец, кој рутински погоди за гостите.

Печат стави Маркус Рашфорд со погодок во финишот на мечот, а Јунајтед заслужено ги освои бодовите.

Манчестер јунајтед со 31 бод од 20 натпревари стаса до петтото место, а Барнли е на 13. позиција со 24 бода.

- Оглас -

Најнови вести