Продолжува победничката серија на Кливленд, рутински совладан Бруклин (Видео)

Кошаркарите на Кливленд ја забележаа и четвртата победа во низа откако во првиот меч од денешната НБА-програма го совладаа Бруклин со 111-102. Победникот се насетуваше од самиот почеток на мечот, а домашните на полувремето заминаа со предност од 20 поени, односно со 54-34.

Откако третиот период заврши нерешено, неизвесноста се врати во четвртата четвртина откако Бруклин дојде до едноцифрена негатива, но кошаркарите на Кливленд не дозволија од готово – вересија и на крајот ја забележаа очекуваната победа, иако во последните моменти имаше голема неизвесност и пенал-завршница.

Донован Мичел од Кливленд беше незадржлив на паркетот и со 45 поени ја предводеше својата екипа до победата.

- Оглас -

Најнови вести