Прогноза од Лече: шансите Серија А да продолжи се 51 процент

Претседателот на Лече, Саверио Стичи Дамјани, рече дека во моментов, шансите за продолжување на сезоната во италијанската Серија А се 51 отсто. Некои клубови како Сасуоло, Пармаи Болоња, веќе од 4 мај почнуваат со тренинзи, а останатите клубови ќе почекаат до 18-ти мај. Сепак, уште е неизвесно дали ќе се игра фудбал на италијанските терени.

„Засега нема да почнеме со тренинзи. Неправедно е, има големи разлики помеѓу одредени региони во кои може да се прават различни работи. На почетокот на март, сите се договоривме за прекин, а не само оние од најзагрозените региони. Постапивме спортски, за доброто на општото здравје. И со враќањето на тренинзи не треба да има нееднаквост. Би рекол дека постои добра можност сезоната да продолжи, но треба да видиме што ќе се случи откако ќе почнат тренинзите. Шансите сезоната да продолжи се 51 процент“ – вели првиот човек на Лече.

- Оглас -

Најнови вести