Македонската ракометна репрезентација со пораз од 10 гола го започна Европското првенство во Германија. Нашата селекција немаше шанси против актуелниот олимписки првак Франција и загуби со 39:29. Во група со Македонија се и селекциите на домаќинот Германија, како и Швајцарија.
На континенталниот собир се најдобрите 24 репрезентации, а групната фаза ќе ја поминат најдобрите 12, односно првопласираните две од секоја група. Според реномираниот сајт Planethandball, Македонија е далеку од пласман во нокаут-фазата.
Прогнозата за тоа како би изгледал конечниот пласман на селекциите по завршување на ЕП, Македонија ќе биде на 22-рата позиција. Само Грција и Грузија би завршиле зад избраниците на селекторот Кирил Лазаров.
Од ривалите кои се во група со Македонија, Франција и Германија се во Топ 4 фаворити за титулата. Најголеми шанси за златото ѝ се даваат на Данска, а потоа следуваат Франција, Шведска и Германија.