Во 18-тото коло на Спортската прогноза традиционално се дуели од петте најсилни лиги во Европа. Над 1.000 прогнозери досега ги дадоа своите фиксови, а интересно е дека дури на шест натпревари се наѕираат фаворитите затоа што повеќе од 66 отсто, односно две третини имаат исто мислење за крајниот исход.
Повеќе од 80 отсто чекаат Манчестер да слави над Тотенхем, а уште поголем е процентот за Пари Сен Жермен да победи во дербито со Олимпик Марсеј. Над 70 отсто доверба дека ќе стигнат до победа имаат екипите на Брест и Брајтон на домашен терен, како и Лајпциг, кој гостува кај Келн. Во Премиер лигата Вест хем гостува кај Барнли, а 67 отсто од прогнозерите очекуваат „двојка“ на овој дуел.
Сите прогнозери кои типуваат имаат заедничка цел, а тоа е да се обидат да стигнат до Среќна 13-ка, односно да се обидат да ги погодат фиксовите на сите средби. За перфектно типување, на подарок се добива iPhone 16.
За 12 погодени типови се добива вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката вреди ваучер од 500 денари.


