Мечеви од Топ 5 лигите во Европа се дел од 17-тото коло на Спортска прогноза. Пет дуели се играат в сабота, а дури осум се закажани за неделната програма, а возбудувањата почнуваат и завршуваат со возбудливи дерби-дуели.
Штутгарт е домаќин на Лајпциг, а над 60 отсто од оние кои досега прогнозираа, очекуваат победа на гостите. Интересно е дека освен германското дерби, уште на осум мечеви прогнозерите веќе имаат изразити фаворити на кои им даваат повеќе од 60 отсто шанси за победа. Најголема верба е во Џенова, која дома игра со Лече, а сигуруца треба да биде и „кецот“ на Ремс против Нант.
Главен предизвик за сите прогнозери е да се погоди Среќна 13-ка, односно да се погодат фиксовите на сите 13 натпревари. Прогнозерот со погодени 13 натпревари одбира еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). Со 12 погодени средби, прогнозерот добива вредносен ваучер од Sport Life од 1.000 денари, а 11-ка вреди ваучер од 500 денари.