Прогнозерите најавуваат дека Арсенал и Наполи ќе загубат викендов

Јубилејното десетто коло на Спортска прогноза е во тек, а голем број прогнозери ги дадоа своите типови во обид да стигнат до Среќна 13-ка. На понудата има натпревари од шест различни првенства од Европа, а три дуели се во фокусот. Тоа се дерби пресметките во Англија, Италија и Португалија.

Челзи е домаќин на Арсенал во дуел на лондонските ривали коишто имаат по 18 бодови во досегашниот дел од Премиер лигата. Според досегашните прогнози, Челзи ја има улогата на фаворити и над 40 отсто од прогнозерите очекуваат триумф на домаќините. Во триумф на Арсенал веруваат помалку од 30 отсто на оние коишто типуваа.

Во италијанското дерби меѓу Интер и Наполи речиси и да нема дилеми. Над 70 отсто чекаат „кец“ и победа на актуелниот првак, а за триумф на актуелниот лидер на табелата, а тоа е Наполи, веруваат помалку од 10 отсто.

Бенфика и Порто ќе играат во првенството на Португалија. Двете екипи се во одлична форма и имаат по шест победи во низа во домашното првенство, но прогнозерите многу повеќе веруваат во домаќинот Бенфика и има над 55 отсто шанси за победа. Над 30 отсто чекаат да биде нерешено, а за триумф на Порто се малку повеќе од 10 отсто.

Како и во секое коло, и овојпат главен предизвик е да се погоди Среќна 13-ка, односно да се погодат фиксовите на сите 13 натпревари. Прогнозерот со погодени 13 натпревари одбира еден од подароците (Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен Тротинет, PlayStation®5). Со 12 погодоци се добива вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а со 11-ка следува се добива ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести