На половина од терминот за типување во 20-тото коло сезонава од најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза, веќе се наѕираат некои од фаворитите на мнозинството играчи.
Така над 80 отсто играчи кои веќе се изјасниле веруваат во победи на Леверкузен и Ница, тука некаде се и Арсенал и Вест хем. Има мечеви и со над 60 проценти од истиот тип, па и тие екипи се големи фаворити на мнозинството прогнозери.
Најголема поделеност има кај Аталанта – Наполи и Лајпциг – Дортмунд. Елиф Елмас е играч на Лајпциг позајмен во Наполи, па овие две средби се поврзани со нашиот фудбалски Дијамант.
Во победа на Наполи веруваат 36,3% од играчите, а малку повеќе (над 40 отсто) очекуваат реми. Триумф на Лајпциг типуваат една четвртина прогнозери, а и за нерешено и победа на гостите има помалку од 40 отсто прогнози, барем засега.
Типувањето трае до сабота во 15.30 часот.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.


