Остануваат малку повеќе од 24 часа до почетокот на 17-тото коло на бесплатната игра на Sport Life и Спорт Манија, Спортска прогноза, а прогнозерите за поголем дел од натпреварите имаат јасни фаворити.
Првиот дуел од новото коло се игра утре во 15.30 часот, и тоа меѓу Штутгарт и Ред Бул Лајпциг, за кого месецов потпиша македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
Токму тимот на Елмас има поголема доверба кај прогнозерите, 59,24 отсто сметаат дека ќе слави Ред Бул Лајпциг, а 22,27 отсто веруваат во победа на домаќинот.
Елмас одигра два натпревари во Бундеслигата, но доби мала минутажа, влегуваше во финишот од мечевите кои неговиот тим ги загуби, против Баер Леверкузен (2:3) и Ајнтрахт (0:1).
Прогнозерите најголема доверба имаат во Џенова, дури 81,33 отсто сметаат дека ќе слави во дуелот со Лече, а голем е процентот за победа на Вердер над Фрајбург (62,84 отсто), на Њукасл над Фулам (68,44 отсто), на Жирона над Селта (69,57 отсто), на Лориен над Ле Авр (72,99 отсто), на Ремс над Нант (73,84 отсто), на Верона над Фрозиноне (76,11 отсто).
Играчите на Спортска прогноза имаат дилеми за дуелот меѓу Лацио и Наполи, 33,74 отсто сметаат дека домашниот тим ќе слави, 20,38 отсто веруваат во триумф на гостите, а 45,88 отсто дека нема да има победник.
За погодена 13-ка, подарокот можете сами да си го одберете.
Изборот е меѓу трите понудени варијанти:
Смарт ТВ самсунг 55” 4K,
Xiaomi електричен тротинет и
Сони плејстејшн 5.
Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар, ним им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари.
Прогнозирајте и бидете во трка за освојување примамливи подароци!