Прогнозерите составија тикет со извонредна квота од 830.51

Ако се состави тикет според прогнозерите на учесниците во 12-тото коло на Спортска прогноза со натпреварите кои останаа да се одиграат денес и утре, може да се добие неверојатна квота од 830.51. Во прашање се осум натпревари од најсилните пет европски лиги, па ако исходите бидат во прилог на мнозинството од вкупно 1.317 прогнозери, уплата од 100 денари на овој тикет може да ви донесе 83.000 денари добивка.

Дури 71% од прогнозерите одиграа „кец“ на Болоња против Парма, квотата е 1.85. Бордо и Монако треба да ремизираат, „икс“ носи квота од 3.25 според 47,6% од прогнозерите. Дека Фиорентина ќе ја совлада Верона на гости, веруваат 71,1%, а „двојката“ е 2.40.

Аугзбург ќе ја надигра Херта според 44,5% од учесниците – „кецот“ е 2.60. За 77.4% од прогнозерите нема дилеми дека Ејбар ќе биде подобар од Алавес (1.95 квота), Истото важи за Сент Етјен против Монпелје (2.40), додека Манчестер јунајтед има многу големи шанси да слави на гости кај Шефилд, иако квотата за „двојка“ е 2.15. Последниот дуел е за во понеделник, а Астон вила ќе победи против Њукасл ако се земат во предвид типовите на 64% од прогнозерерите во ова коло – „кецот“ е 2.20.

Пробајте си ја среќата, можеби ќе ви се исплати. И, не заборавајте, играјте Спортска прогноза и борете се за примамливиот iPhoneXS.

Болоња – Парма 1 (1.85)

Бордо – Монако X (3.25)

Верона – Фиорентина 2 (2.40)

Аугзбург – Херта 1 (2.60)

Ејбар – Алавес 1 (1.95)

Сент Етјен – Монпелје 1 (2.40)

Шефилд јунајтед – Манчестер јунајед 2 (2.15)

Астон вила – Њукасл 1 (2.20)

Вкупен коефициент: 830.51

- Оглас -

Најнови вести