22.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025

Прогнозерите веруваат дека Селта ќе ја турне Мајорка во опасната зона

Постојано се разгорува битката за наградите кои Sport Life ги нуди за секое коло. Сè поголем број прогнозери типуваат, а голема мешаница има и на врвот во Генералниот пласман во Спортската прогноза.

Новото 15-то коло кое беше отворено во вторникот, носи нов предизвик од 13 мечеви од основната понуда, плус два резервни кои се сметаат во генералниот пласман, каде што Христијан е во водство со 100 поени. Можете бесплатно да ги ставите вашите прогнози до сабота во 16 часот, за кога е закажан почетокот на мечот Барнли – Њукасл.

Според најголем дел од оние што досега типувале, но може и да се премислат и да менуваат до задутре во 16 часот, Лион сигурно ќе го совлада Рен. Таков исход очекуваат дури 94 отсто од нашите прогнозери, а голем фаворит е и Селта против Мајорка. Речиси 88 проценти од прогнозерите мислат дека во Виго ќе слават домашните и со тоа местото во опасната зона на табелата ќе ѝ го препуштат на Мајорка.

Сè уште не е доцна да се вклучите во новата рунда. Ве чека и дербито на Џенова, во кое ќе го нема суспендираниот Горан Пандев, но повеќе од половината веруваат во победа на Џенова над Сампдорија.

Треба да погодите и дали Реал Мадрид на „Месталја“ ќе успее да ја победи Валенсија и со тоа во дуел со Барса да влезе можеби како лидер на табелата.

Играта е бесплатна и единствен услов е да имате SL картичка од Sport Life. За 13 погодени, наградата е IPhone XS, за 12-ка се добива ваучер од 1.000 денари од Sport Life, додека сите што ќе погодат 11 двојки ќе добијат ваучери од по 500 денари.

Не чекајте многу, ПРОГНОЗИРАЈТЕ.

 

- Оглас -

Најнови вести