ПРОГНОЗИРАЈ: Лондонско дерби на „Вембли“

Новото коло на Спортска прогноза нуди доста тешки дуели за типување, но токму во вакви случаи се покажува кој навистина го следи и го разбира најпопуларниот спорт на планетата. За прогнозирање има неколку дерби-мечеви, меѓу кои е и лондонското дерби меѓу Тотенхем и Челзи (18.30 часот), дуелот кој во сабота ќе се одигра на легендарниот стадион „Вембли“.

Тоа ќе биде пресметка помеѓу трето и четвртопласираните тимови во Премиер лигата, кои ги дели само еден бод. „Сините“ на Маурисио Сари имаат 28 бода, тимот на имењакот на Сари има еден бод помалку. Челзи и по 12 средби, и натаму не знае што е тоа пораз, исто како и Ливерпул и шампионот Сити, додека Тотенхем е единствената екипа која не ремизирала во англиското првенство сезонава.

Во рамките од Премиер лигата, Тотенхем и Челзи досега се сретнале 52 пати, а предноста во однос на победите е на страната на „сините“. Челзи има 27 победи, Тотенхем само шест пати се радувал, додека 19 средби завршиле без победник.

Кога последен пат ги вркстија копјата на „Вембли“, Челзи си замина како победик од тој меч при конечни 2-1, благодарение на двојниот стрелец Маркос Алонсо.

Дербито Тотенхем – Челзи е еден од мечевите на кои можете да го прогнозирате исходот и да ви помогне да освоите ваучери од Sport Life, исто така може да придонесе и за главната награда, „самсунг галакси А6“, a сето тоа ќе можете да го сторите на СПОРТСКА ПРОГНОЗА.

По успешната прогноза, ќе ви се прикажат вашите типувања. Сите прогнози за тековното коло, вклучувајќи ја и вашата, можете да ги погледнете тука.

- Оглас -

Најнови вести