Лидерот во германскиот шампионат, тимот на Борусија Дортмунд, вториот дел од сезоната во Бундеслигата го започнува со тешко гостување кај Лајпциг. За избраниците на Луцијан Фавр ова ќе биде трето гостување, а воедно и трет обид да издвојат позитивен резултат на „Ред Бул арената“. Двете екипи вкупно пет пати ги одмериле силите откако Лајпциг за првпат влезе во елитата, а меѓусебниот учинок не е во полза ниту на една екипа. И Дортмунд и Лајпциг имаат по две победи, додека еден меч завршил без победник.
„Црвените бикови“ одиграа добри подготовки за време на зимската пауза, па победа над лидерот во Германија може да им го одреди течението на остатокот од сезоната. Но, и „милионерите“ успешно ги минаа зимските подготовки, а ќе сакаат да продолжат онаму каде што застанаа во 2018 година, со победи.
Дербито кое ќе се игра на „Ред Бул арената“ во рамките на 18-тото коло во Бундеслигата е закажано за сабота, со почеток од 18:30 часот.
Спортска прогноза нуди 13 мечеви кои може да ви донесат мобилен телефон „iPhone XS“. Тоа е главниот предизвик за сите оние кои ќе успеат да ги погодат сите 13 дуели од понудата. Доколку не погодите само еден натпревар, 12-ката повторно носи мобилен телефон, и тоа „Samsung Galaxy A6 2018“.
Ако двајца или повеќе прогнозери се во конкуренција за еден од двата телефони во едно коло, подарокот се дели – ќе бидат доделени ваучери од Sport Life во вкупна вредност на освоениот телефон (60.000 денари, односно 15.000 денари).
Подароци ќе има и за оние кои ќе имаат 11 и 10 погодоци. За 11-ка се добива ваучер во вредност од 500 денари во Sport Life, додека со 10-ка ќе бидете добитник на ваучер од 200 денари од обложувалниците на Sport Life.
НЕ ПРОПУШТАЈТЕ НИТУ ЕДНО КОЛО
Стартувајќи од 15-ти јануари 2019 година, почнува и натпреварот во Генералниот пласман, во кој се собираат вкупно поените од сите типувања за секое одделно коло, па сè до последното коло од Спортска прогноза со почеток на осми мај 2019 година. Генералниот пласман има посебен награден фонд, независен од наградите за секое поединечно коло на Спортска прогноза.
1. место: Mi Електричен тротинет
2. место: Велосипед Capriolo Passion Men
3. место: Ваучер од 1000 денари во Sport Life обложувалници
4. место: Ваучер од 500 денари во Sport Life обложувалници
5. место: Ваучер од 300 денари во Sport Life обложувалници