Прогнозираше дека ќе нема голови и заработи 220 илјади денари

Успешно избегнување на фаворитите од топ-лигите во Европа кои киксираа викендов беше начинот на кој еден прогнозер кој уплатил тикет во обложувалница на Sport Life во Битола дојде до добивка од 220.087 денари. Уплатата е 100 денари.

БИТОЛА 6 Е СРЕЌНО УПЛАТНО МЕСТО

Оваа добивка од малку над 220 илјади денари е втората голема сума исплатена на истото уплатно место во период помал од две недели. Пред десетина дена, еден прогнозер кој исто така уплатил 100 денари и типувал на осум меча како и овој прогнозер викендов, доби 148.892 денари. Не знаеме дали станува за истиот човек, но дефинитивно на битолчани ова уплатно место им е среќно во октомври.

ВО ФРАНЦУСКИТЕ ПОНИСКИ ЛИГИ НЕ Е ТЕШКО ДА НАЈДЕТЕ НЕЕФИКАСНИ МЕЧЕВИ

На тикетот кој е уплатен во петокот вечерта во градот на конзулите има осум натпревари и прогнозата на сите е дека ќе падне најмногу еден гол. Квотите се движат од 2.30 до 3.30, а битолчанецот се надевал дека мечевите ќе се завршат со 0-0 или 1-0.

Доминираат натпревари од француските лиги, каде што традиционално не паѓаат многу голови. Мечевите кои ги чекал прогнозерот се: Гранада – Осасуна (1-0), Ајачио – Нанси (0-0), Каен – Валенсиен (0-0), Шамбли – Сошо (0-0), Шатору – Париз ФК (0-1), Ниор – Генгам (0-0), Бастија – Ред Стар (0-1), Лавал – По (0-1).

Критични му биле три натпревари, на кои падна гол во првото полувреме, па битолчанецот посакувал веќе да нема други голови и таа желба му се исполни, па сега е побогат за 220.087 денари. Еипата на Париз постигна гол во 13-та минута, Ред Стар во 20-та, а и Гранада исто така погоди во прво полувреме.

- Оглас -

Најнови вести