Промени во Партизан: Саво Милошевиќ си поднесе оставка, ќе го наследи клупска легенда

Белградскиот Партизан неочекувано остана без тренер откако Саво Милошевиќ си поднесе оставка поради несогласувања со раководството. Милошевиќ не прифатил да му биде намалена платата, но имало несогласувања во спортскиот дел, па затоа си заминува откако ги стабилизира резултатите на клубот.

Саво Милошевиќ на последните осум натпревари со Партизан забележа шест победи и два нерешени резултати, но има заостанување од 12 бода зад Црвена ѕвезда, пред сè поради лошите резултати на неговиот претходник на почетокот на сезоната.

Според српските медиуми, наследник на Саво Милошевиќ на клупата на Партизан ќе биде клупската легенда Саша Илиќ.

- Оглас -

Најнови вести