Квинси Промес сигурно нема да го одигра 51-от натпревар за холандската репрезентација, откако побара руски пасош.
Познатото фудбалско Лале од Амстердам веќе аплицираше за пасош, а целта е да избегне затвор во својата родна Холандија.
Промес е во судски процес за обид за убиство на свој роднина и речиси сигурно ќе биде осуден, но нема да служи казна затвор.
Од руски извори се тврди дека Квинси, кој долго е во Русија сигурно ќе добие пасош, а оваа земја не ги испорачува своите државјани на други земји што е спас за Промес.
Тој веќе има и руски прекар, Анточа и игра одлично за гигантот Спартак Москва.
На 16 меча сезонава веќе постигна 14 погодоци и има пет асистенции што е топ учинок за 30-годишниот напаѓач.