Во кафулето „Жоц“ во српскиот град Чачак се појави брендирано пиво кое се вика „Жоц“, а на етикетата го има ликот на Жоц. За тие што не знаат, Жоц е прекарот на најтрофејниот европски кошаркарски тренер Жељко Обрадовиќ. Прекарот всушност е кратенка од Жељко Обрадовиќ Цепачот. Ова цепач се однесува на „цепањето“, како што Србите го нарекуваат „кинењето“ на мрежичките на кошевите.
Обрадовиќ е роден во Чачак, кариерата како играч ја почна во Борац, па ова е одличен маркетиншки потег. Сопственикот на локалот е пријател од детството на Обрадовиќ и тој прв покажа како изгледа пивото Жоц. Драган верува дека кафулето ќе стане атракција и ќе привлече туристи, муштерии од Турција и Грција. Пред да биде пуштено во продажба, газдата на кафулето и пријателите испиле 150 шишенца за да го пробаат.
На здравје!