Голден стејт го шокираше Хјустон и победи со 116:104 во меч од божиќната програма во НБА-лигата. Воините одиграа како во славните шампионски денови, па иако овојпат беа аутсајдери, успеаја со двоцифрена разлика да го победат Хјустон.
Една од главните работи поради која Голден стејт победи е тоа што домаќините успеаја да го сопрат еден од најдобрите поентери во НБА-лигата, Џејмс Харден. Воините смислија одлична тактика која се покажа како функционална.
„Џејмс е играч кој сите нѐ натера да го проучиме начинот на кој треба да се браниме против него. Тој е толку добар, што секогаш треба да го дадеш најдоброто од себе“, вели тренерот на Голден стејт, Стив Кер.
Тактиката на Голден стејт беше да го удвојуваат Џејмс во моментот кога тој ќе го помине центарот на игралиштето. На тој начин главната ѕвезда на гостите немаше простор да се разигра, а домашните играчи со брза трансформација успеваа да ги покријат дупките во одбраната што се појавуваа кај другите противнички играчи.
Драмонд Грин беше еден од оние кои најмногу трчаа во одбраната по Џејмс. „Тоа беше феноменален план. Тешко дека може да биде подобро. Кога некој дава по 40 поени на меч, не смеете да го чувате на ист начин како сите останати. Еден на еден е незадржлив и затоа мора да се менува планот. Ние успеавме да го сопреме“, рече Грин.
На крајот, Харден застана на бројката од 24 поени, што е далеку под неговиот просек, а Хјустон загуби.
Lets examine what the Warriors are doing: Draymond is on Russ. They double Harden immediately with the center. This allows Green to ignore Russ and then do his magic pic.twitter.com/ymM6IXMU3m
— BBALLBREAKDOWN (@bballbreakdown) December 26, 2019