Продолжува агонијата на Надал: Нова повреда на Шпанецот, главниот фокус останува да настапи на Ролан Гарос

Некогаш најдобриот тенисер во светот, Рафаел Надал, никако не успева да се врати на теренот. Според последните информации од Шпанија, Надал има нова повреда на грбот и ќе мора да паузира во следните шест недели.

Тоа би значело дека Надал би ги пропуштил мастерс турнирите во Монте Карло и Мадрид, а не би бил подготвен ниту за турнирот во Барселона од серијата 500. Прогнозите се дека Надал би требало да се врати за мастерсот во Рим, кој би бил единствен негов турнир пред настапот на Ролан Гарос.

Главна цел на Надал за оваа година е настапот на гренслемот во Париз, кој го има освојувано рекордни 14 пати. Шпанецот, кој во јуни ќе наполни 38 години, веќе неколку пати се обидува да се врати на теренот, но постојано е спречуван од нови повреди.

Оваа година играше само еден егзибициски меч против Карлос Алкарас во Лас Вегас и тој го загуби. Моментално Надал е дури на 652-рата позиција на АТП-листата, а тоа е така затоа што речиси една година нема играно.

- Оглас -

Најнови вести