Хари Кејн и дефинитивно нема да потпише нов договор со Тотенхем и на првиот човек на клубот Даниел Леви, му ја соопшти неговата желба, дека сака трансфер во Баерн Минхен, објави магазинот „Тајмс“.
„Тајмс“ пишува дека Кејн одбил да потпише нов договор со Тотенхем според кој ќе заработуваше 400.000 фунти неделно, и дека сака се пресели во Баерн Минхен.
Кејн на кого договорот со Тотенхем му истекува идното лето, веќе ги договорил личните услови со германскиот шампион и сега останува двата тима повторно да седнат на заедничка маса.
Тотенхем ги одби првите две понуди на Баерн од 70 и 80 милиони евра, по што германскиот шампион подготви нова понуда, според медиумите вредна 100 милиони евра која би требало да биде доволна за Леви да се согласи да го пушти Кејн.