Илјадници жители на Денвер излегоа на улиците да ја прослават првата шампионска титула на Нагетси, кои во големото финале со 4-1 во победи беа подобри од Мајами хит, но радоста падна во сенка на инцидентите.
Медиумите во САД објавија дека бурната прослава ја одбележа инцидент во кој дошло до масовно пукање од огнено оружје, кој се случил само на еден километар од „Бол арената“.
„Вкупно деветмина луѓе се повредени од истрели од огнено оружје, а меѓу нив е и главниот осомничен. Три жртви се наоѓаат во критична состојба, додека останатите добиле повреди кои не се опасни по живот. Истрагата е во тек, а првичните резултати покажуваат дека дошло до пресметка меѓу неколку лица“, соопшти полицијата во Денвер.
Но, тоа не е единствен инцидент кој се случил, еден мотоциклист удрил едно лице на пешачки премин и потоа избегал од местото на несреќата.
Meanwhile, in Denver: https://t.co/4BalSCSEiI
— philip lewis (@Phil_Lewis_) June 13, 2023
Дека прославата на титулата излезе од контрола, доказ се и фотографиите на кои се гледа дека фановите висат на семафори.
Fans climbing on stoplights in downtown Denver after the @nuggets win. Covering the postgame madness for @denverpost. pic.twitter.com/HEOUnpxbQl
— Megan Ulu-Lani Boyanton (@meganululani) June 13, 2023