Легендарниот бразилски напаѓач Роналдо откако ја заврши фудбалската кариера, се одлучи да остане во фудбалот и да купи два фудбалски клуба, Ваљадолид во Шпанија и Крузеиро во Бразил.
Сепак, во последно време не му цветаат рози ниту со едниот, ниту со другиот клуб, за што навивачите започнаа да организираат протести.
Крузеиро нема победа на последните осум натпревари и се наоѓа само пет бода над опасната зона и испаѓање во бразилската Серија Б. Ваљадолид минатата сезона испадна од Примера, но во моментов е во долниот дел на табелата на Сегунда и далеку од враќање во најквалитетниот шпански фудбал.
Иако со доаѓањето на Роналдо екипата на Ваљадолид се спаси од банкрот, сепак лошите резултати ги натераа навивачите да започнат да протестираат, слично како и оние на Крузеиро.
Севкупно, на Бразилецот му претстои тешка и турбулентна сезона и во Крузеиро и во Ваљадолид.