Против домаќинот секогаш е тешко – Може ли Македонија да го изненади Египет?

Македонските ракометари мораа многу брзо да го заборават разочарувачкиот и лош премиерен настап на Мундијалот во Египет и поразот од Шведска со 32:20, бидејќи веќе денеска на медган ќе им излезе домаќинот.

Египет го победи Чиле во првиот меч на Светското првенство и денеска е голем фаворит против Македонија. Популарните Фараони имаат големи амбиции, а организаторот на светските првенства речиси секогаш е и кандидат за медал, па и денеска нема да ни биде лесно.

Македонија допатува на Мундијалот во последен час и со сериозно изменет состав. Играме без неколку стандардни репрезентативци, а ефектот на премиерата беше лош, па поразот од 32:20 од Шведска е болен за нас.

И денеска ја имаме улогата на аутсајдери, коефициентот за победа на Египет во Sport Life e низок и изнесува 1.15, додека за подвиг и победа на Македонија е 7.20.

Мечот ќе се игра од 18 часот во Каиро.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести